Македонскиот јазик од февруари ќе се изучува на универзитетот во Тирана
Во рамки на соработката меѓу Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ и Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, наскоро ќе започне настава по македонски јазик.
Во рамки на соработката меѓу Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, наскоро ќе започне настава по македонски јазик на новоотворениот Лекторат по македонски јазик. Наставата ќе ја одржува новоизбраната лекторка д-р Славица Свидерска. Во тек се процеси на одредување на статусот на предметот Македонски јазик, а наставата ќе започне во февруари.
На иницијатива на директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје, проф. д-р Кристина Николовска, како промотивна афирмација на македонскиот јазик, Лекторатот, покрај редовната настава ќе овозможи и бесплатни онлајн часови по македонски јазик за почетно ниво за заинтересираните студенти од целиот Универзитет во Тирана.
Наскоро се планира и официјализирање на соработката и средба на претставници од двата универзитети во Тирана и официјално реактивирање на Лекторатот по македонски јазик во Тирана.
Меѓународен семинар за македонски јазик,
литература и култура при УКИМ во Скопје
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…
Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…
„Долу диктатурата“: Вечерва во Тирана повторно антивладин…
Во Тирана вечерва повторно се одржа антивладин…
Повторно судири меѓу демонстрантите и полицијата во…
Во Тирана, за време на студентскиот протест,…
Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…
Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…
(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…
Албанија трет ден се соочува со масовни…