Македонскиот јазик ќе се изучува во уште едно училиште во Хрватска
Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска донесе Решение за воведување на настава по македонски јазик и култура по „модел Ц“ во најголемото подрачното основно училиште „Стрмец“, во градот Св. Недела.
Веста беше соопштена од Желка Ненадиќ, претставничка од Управата за национални малцинства при хрватското Министерство за наука, образование и млади, за време на манифестацијата „Македонскиот јазик е нашиот идентитет“, проект поддржан од истото министерство. Иницијативата за воведување на наставата потекнува од родители, предводени од професорката по македонски јазик Ивана Брезовец.
Наставата по македонски јазик во Хрватска веќе се реализира во седум основни училишта и три гимназии. Првиот час се одржа пред дваесет години во ОУ „Никола Тесла“ во Загреб, а во Првата гимназија во Загреб наставата се изведува веќе единаесет години. Часовите се отворени не само за ученици Македонци, туку и за сите кои сакаат да го изучуваат јазикот, истакна проф. Иван Антоновски, учесник на манифестацијата.
Антоновски посочи и исклучителен пример на поддршка и интеграција: наставничката Наталија Лековска, Македонка која работи во ОУ „Владимир Назор“ во општина Потпиќан. Таа ги подучува учениците од прво до трето одделение по македонски јазик и фолклор во рамки на целодневната настава. Учениците и наставничката учествуваа на манифестацијата „Македонскиот јазик е нашиот идентитет“, каде го изведоа Пајдушкото оро и традиционалното истарско оро „Истарски балун“, со музичка поддршка на малата Анамарија Цариќ на хармоника.
За настапот тие носеа истарски народни носии обезбедени од културниот музички ансамбл „Иван Фоновиќ Златела“ од Кршана и од МКД „Охридски бисер“ од Загреб. Антоновски нагласи дека голема улога во поддршката имаат директорката Нада Перишиќ и родителите на учениците, како доказ за позитивниот однос и поддршката што Македонците ја уживаат во Хрватска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонскиот јазик ќе се изучува во уште…
Министерството за наука, образование и млади на…
Кумановец силувал проститутка од Венецуела во Далмација
Окружното јавно обвинителство во Шибеник поднесе обвинение…
По Гермаија и Хрватска повлекува неколку серии…
Откако беше објавено големото повлекување на чоколадото…
Хрватска зафатена од снежно невреме
Во поголемиот дел од Хрватска денеска паѓа…
Турски „ер трактор“ се урна во Хрватска,…
Авионот „Ер Трактор АТ-802“ се урна во…