По Гермаија и Хрватска повлекува неколку серии од чоколадото „Милка“

t

Откако беше објавено големото повлекување на чоколадото „Милка“ во Германија, денеска и Државниот инспекторат на Република Хрватска ги информира потрошувачите за повлекувањето на производот „Милка чоколадо карамел“ 100 г, објави 24 сата.хр.

На страницата Halo Inspectors беше објавено дека некои чоколади „Милка“ се повлекуваат од продажба поради пластика.

„Поради можно присуство на туѓо тело (пластичен материјал), кое го продава Müller trgovina d.o.o. Загреб, а го произведува Mondelez Deutschland GmbH. Производот не е во согласност со Регулативата 178/2002 за утврдување на општите принципи и услови на законот за храна, основање на Европската агенција за безбедност на храната и утврдување процедури во областите на безбедноста на храната. Ве молиме проверете дали го имате наведениот производ и веднаш престанете да го користите! Враќањето на производот е можно во која било филијала на Милер. Платениот износ ќе ви биде вратен без да ја презентирате соодветната фактура“.

Известувањето се однесува на одредена серија, а потрошувачите се повикуваат да бидат внимателни, се наведува во соопштението за медиумите на HAPIH.

Датум на истекување на производот е 20. 21, 26 и 27.  02.2026 година.

Државниот инспекторат нагласува дека известувањето се однесува исклучиво на производот со наведените податоци. На потрошувачите кои го поседуваат спорниот производ им се препорачува да не го консумираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Температурни рекорди во Хрватска: Сплит 39,7, Дубровник…

Екстремната жештина во Хрватска собори температурни рекорди…

Сообраќаен колапс меѓу Хрватска и Црна Гора:…

На граничните премини меѓу Хрватска и Црна…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

Трагедија во Хрватска: Во пожар загинаа татко…

Три лица го загубија животот во пожар…

Министерството за одбрана на Хрватска се откажа…

Министерството за одбрана на Хрватска (МОРХ) се…