Објавено на:

Македонските каратисти најуспешни на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија

t

Македонската репрезентација во традиционално карате остварија извонреден успех на ЕТКФ Европскиот куп за деца, кој се одржа на 4 јули 2026 година во „Овергас Арена“ во Софија, Бугарија.

Македонската репрезентација освои вкупно 58 медали, од кои 17 златни, 14 сребрени и 27 бронзени медали, со што го освои првото место во генералниот пласман.

Второто место ѝ припадна на Турција, а третото на домаќинот – Бугарија.

Особено се истакнаа Филип Недев, Тадеј Недев, Мартина Зафировска, Михаил Стојановски, Мила Владев, Георги Кокорманов, Драган Стојановски и Александар Зафировски, кои освоија по неколку златни медали и дадоа значаен придонес за овој голем успех на македонската репрезентација.

Денес продолжуваат натпреварите од Европското првенство за сениори, јуниори и кадети, на кои ќе настапат и македонските репрезентативци. За нивните резултати јавноста ќе биде дополнително информирана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонските каратисти најуспешни на ЕТКФ Европскиот куп…

Македонската репрезентација во традиционално карате остварија извонреден…

Левица: Македонските каратисти со сопствени средства патуваат…

Од Левица реагираат дека македонските каратисти кои…

Македонските каратисти се подготвуваат за настапот на…

Македонската карате репрезентација во борби ја темпира…

Македонскиот каратист Витомир Трајковски обезбеди финале на…

Македонскиот каратист Витомир Трајковски се пласираше денеска…

Берат Јакупи балкански вицешампион во карате

Македонскиот каратист Берат Јакупи викендов го освои…