Македонските каратисти се подготвуваат за настапот на Европското првенство во Ереван
Македонската карате репрезентација во борби ја темпира формата во Хрватска заедно со нивните колеги од Хрватска и Словенија.
Тие ќе се подготвуваат за Европското сениорско првенство што ќе се одржи во Ереван, Ерменија во периодот од 6 до 11 мај 2025 година.
Амбициите се да го продолжат континуитетот на освојување на медали од големи натпреварувања.
Минатата година Михаела Мишовска се закити со сребрениот медал од Европското првенство за сениорки во Задар, Хрватска.
Подготовките ќе траат од 23 до 27 април во комплексот СПА Даруварске топлице.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Македонија има злато во карате: Марко Џорлев…
Македонскиот каратист, Марко Џорлев на Светското првенство…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…