Македонските ракометари денес на мегдан со Катар – Лазаревски: Катарците се тромави, ќе паднат на брзина!

t

Македонија денеска игра против ракометната репрезентација на Катар во Вараждин во 15.30 часот, а македонските репрезентативци се оптимисти пред денешниот натпревар.

Милан Лазаревски игра одличен турнир во дресот на Македонија.

Ракометарот на Вардар го најави вториот натпревар од втората фаза за Македонија и истакна дека ако Македонија игра брзо и полетно, Катар нема да има шанси да парира, пред се заради разликата во годините на селекциите.

„Како што можевме да видиме од мечот со Холандија, Катар не се покажа нималку како наивен противник. Иако бековите во таа репрезентација се во поодминати години и доцнежна фаза во нивната кариера, покажаа дека може да допринесат и тоа како за нивниот тим, зборувам за левата и за бековска позиција. Не очекува тотално различен дуел од оние претходните, ама ако пристапот е ист како претходно, може да имаме позитивен исход. Адут треба да ни биде брзата транзиција и полуконтра која ја негуваме, тоа е евидентно на овој шампионат. Затоа што се работи за ривал кој има постари играчи, може да им направиме проблеми. Иако се физички силни, Катарците се доста троми и таков начин на игра и пристап за нив би било невозможно да ни одговорат. Таму ја гледам шансата за позитивен исход“, изјави Лазаревски.

Нашиот национален тим има два бода во втората фаза, едниот заради ремито со Унгарија во првата група, вториот заради ремито со Австрија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…

Еден од повредените во страшниот пожар што…

Се врати во Македонија првиот од 115…

Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…

„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…

Трагедијата која го погоди Кочани и целата…

Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…

Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…