Македонските ракометари денес на мегдан со Катар – Лазаревски: Катарците се тромави, ќе паднат на брзина!
Македонија денеска игра против ракометната репрезентација на Катар во Вараждин во 15.30 часот, а македонските репрезентативци се оптимисти пред денешниот натпревар.
Милан Лазаревски игра одличен турнир во дресот на Македонија.
Ракометарот на Вардар го најави вториот натпревар од втората фаза за Македонија и истакна дека ако Македонија игра брзо и полетно, Катар нема да има шанси да парира, пред се заради разликата во годините на селекциите.
„Како што можевме да видиме од мечот со Холандија, Катар не се покажа нималку како наивен противник. Иако бековите во таа репрезентација се во поодминати години и доцнежна фаза во нивната кариера, покажаа дека може да допринесат и тоа како за нивниот тим, зборувам за левата и за бековска позиција. Не очекува тотално различен дуел од оние претходните, ама ако пристапот е ист како претходно, може да имаме позитивен исход. Адут треба да ни биде брзата транзиција и полуконтра која ја негуваме, тоа е евидентно на овој шампионат. Затоа што се работи за ривал кој има постари играчи, може да им направиме проблеми. Иако се физички силни, Катарците се доста троми и таков начин на игра и пристап за нив би било невозможно да ни одговорат. Таму ја гледам шансата за позитивен исход“, изјави Лазаревски.
Нашиот национален тим има два бода во втората фаза, едниот заради ремито со Унгарија во првата група, вториот заради ремито со Австрија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…