Македонски државјанин украл возило од фирма во Црна Гора и побегнал во Албанија

Државјанин на Македонија Д.П. (46) со привремен престој во Бар, Црна Гора е осомничен дека украл камион од фирмата во која бил вработен и дека побегнал во правец на Албанија.
Од Црногорската полициска управа соопштиле дека барската полиција против Д.П. поднеле кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
„Постои сомневање дека Д.П., дошол во просториите на фирмата каде што бил вработен и користејќи невнимание на другите вработени, ја отклучил вратата од кујната од која ги украл клучевите од камионот на оштетената фирма, по што го ставил возилото во движење и се оддалечило во правец на Република Албанија“, се наведува во соопштението на тамошната полиција, објавија црногорските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кос: Албанија е остров на стабилност на…
Еврокомесарката за проширување Марта Кос ја нарече…
Македонската партија во Албанија се повлече од…
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса…
Европскиот парламент ќе отвори канцеларија за Западен…
Европскиот парламент ќе формира канцеларија за Западен…
Албанија одлучи целосно да го забрани ТикТок
Албанската влада денеска донесе официјална одлука за…
Во Албанија отворен портал на македонски јазик…
Со залагање на македонски активисти од општина…