Објавено на:

Македонското знаме во Пловдив страшно ги вознемири Бугарите: Македонците да сфатат дека Македонија е Бугарија

t

Знамето на Република Македонија се вее од тераса во населбата „Ќучук Париз“ во Пловдив. Кадрите се од социјалните мрежи и според авторите на материјалот, „логично предизвикал негативни реакции“ во позадина на тензијата меѓу Бугарија и РМ, пишува сајтот „трафикњуз“ со наслов „Провокација или патриотизам“.

Повеќето коментари на социјалните мрежи содржат споредба на односот кон Бугарите во Македонија и секако потеклото на тамошното население.

„Можам само да замислам да го ставам бугарското знаме во Македонија“, напиша еден од корисниците. Во продолжение одговорот: „Едноставно ако го закачиш ќе изедеш голем ќотек а тука си траеме…“.

Еден човек пишува дека во блокот живеел Македонец долги години, но до сега таму немало такво знаме.

„Во никој случај, не велам дека насилството е неопходно, само тоа нема да помине со коментари на Фејсбук“, напиша друг корисник.

„Ќучук ја изградија иселениците од Вардар, Егејска Македонија и Белото Море. Новосоздаденото Македонче може да се шета по маало и да ги запознае сите улици. И да сфати дека Македонија е Бугарија!!!“, изјавува друг жител на соседството. .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…

Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…

Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…