Македонското знаме во Пловдив страшно ги вознемири Бугарите: Македонците да сфатат дека Македонија е Бугарија
Знамето на Република Македонија се вее од тераса во населбата „Ќучук Париз“ во Пловдив. Кадрите се од социјалните мрежи и според авторите на материјалот, „логично предизвикал негативни реакции“ во позадина на тензијата меѓу Бугарија и РМ, пишува сајтот „трафикњуз“ со наслов „Провокација или патриотизам“.
Повеќето коментари на социјалните мрежи содржат споредба на односот кон Бугарите во Македонија и секако потеклото на тамошното население.
„Можам само да замислам да го ставам бугарското знаме во Македонија“, напиша еден од корисниците. Во продолжение одговорот: „Едноставно ако го закачиш ќе изедеш голем ќотек а тука си траеме…“.
Еден човек пишува дека во блокот живеел Македонец долги години, но до сега таму немало такво знаме.
„Во никој случај, не велам дека насилството е неопходно, само тоа нема да помине со коментари на Фејсбук“, напиша друг корисник.
„Ќучук ја изградија иселениците од Вардар, Егејска Македонија и Белото Море. Новосоздаденото Македонче може да се шета по маало и да ги запознае сите улици. И да сфати дека Македонија е Бугарија!!!“, изјавува друг жител на соседството. .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…
И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…
Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…
(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…
Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…
(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…
Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…