Македонското Министерство за образование ќе го ревидира воспитниот процес по масовните убиства во Србија
Македонското Министерството за образование и наука најави дека по двете масовни убиства во Србија во последните два дена, денеска ќе одржи средба со универзитетски професори од областа на педагогијата, психологијата, социологијата, безбедноста и сајбер насилството и други.
Од МОН велат дека случувањата во соседството вклучија сериозен аларм дека индивидуалната посветеност и грижата за правилниот раст и развој на децата треба да се подигнат на уште повисоко ниво.
-Како креатори на образовните политики, МОН заедно со Владата и сите други засегнати институции и установи, согласно своите надлежности, веднаш започнуваме со ревидирање на воспитната компонента на образовниот систем, механизмите за детекција на предизвици и формите на поддршка на учениците и семејствата. Очекуваме поддршка од сите засегнати чинители, експертската јавност, граѓанскиот и невладиниот сектор, бизнис-заедницата и меѓународните партнери, кои и досега имаат важен придонес во напорите за заштита на правата на децата, за заштита на физичкото и менталното здравје, спречувањето на врсничко и неврсничко насилство и така натаму, велат од МОН.
Заклучоците и препораките од денешната средба ќе бидат соопштени по нејзиното завршување, а тие ќе бидат иницијален чекор за подигнување на институционалната грижа за правилен раст и развој на младите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…