Објавено на:

Македонците во Албанија дискриминирани од албанското Министерство за култура

t

Македонското друштво “Илинден” -Тирана се јави со реакција на одлуката на албанското Министерство за култура, откако како што велат не бил прифатен проект од интерес на Македонците во Република Албанија.

-Остро реагираме и изразуваме огромно незадоволство од одлуката на Министерството за култура на Република Албанија според која не е прифатен единствениот проект предложен од нашето друштво. Повикот за финансирање на проекти беше објавен од Министерството за култура на 25 јануари и траеше до 25 февруари годинава. Се јавивме со свој предлог-проект кој целосно ги застапува интересите на македонското малцинство во Албанија, вели Никола Ѓурѓај претседател на друштвото.

Тој потенцира дека Македонците, во овој случај, реагираат за “несовесен и крајно дискриминаторски однос на Министерството за култура кон македонско национално малцинство во Република Албанија”.

– Македонците се лојални граѓани и ги плаќаат сите даноци кон албанската држава, но пари за културни активности на лојалните граѓани со македонско етничко потекло во Република Албанија, нема, разочарано посочува тој.

Смета дека и претставниците на малцинствата во Албанија треба да добијат финансиска поддршка од државната каса за реализирање на проекти од интерес, во случајов, на мaкедонското национално малцинство во Република Албанија.

– Острата реакција на Македонците во однос на дискриминирачката одлука на Министерството за култура на Албанија е предизвикана од потребата од финансиска поддршка за проектите кои се однесуваат на негување на традициите на Македонците во Република Албанија. Во овој случај, државата преку Министерството за култура покажува дека само декларативно се залага за почитување на правата на малцинствата кои живеат на нејзина територија, а тоа воопшто не е однесување дозволиво за држава аспирант за влез во Европската Унија, нагласува Ѓурѓај, претседател на друштвото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Раскинат е договорот со фирмата која го…

Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево,…

Поранешен градоначалник на Благоевград издал 246 лажни…

Поранешниот градоначалник на село Рилци , Благоевградско – Живко Чукарски , ја…

Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…

Двајца државјани на Македонија се приведени на…

Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…