Македонците наведени како посебен народ во Царска Русија: Документи од 18 век објавени на Твитер
Соседните држави очигледно погрешно пресметаа кога мислеа дека со газење и негирање на Македонците ќе успеат да ги асимилираат.
“„Оти Македонија не е само држава. Ако беше Македонија само обична држава, денеска немаше да има ниедна прашинка од неа. Туку Македонија е икона на Балканот, Македонија е црква на Европа, Македонија е манастир на светот!“, велеше великанот Петре Мито Андреевски и вистина. Колку повеќе го газиш, Македонецот толку повеќе пушта корења, се зацврстува, па излегува на површина уште посилен.
Негирањето од страна на соседите и мекотелоста на властите во Македонија ги натераа Македонците сами да се потрудат и да најдат историски факти за посебноста на Македонскиот народ.
Еден таков податок ви пренесуваме во продолжение, каде “Полјакот од Македонија” споделува извештаи од 18 век, во кои Македонците се препознаени како засебен народ во царска Русија.
– ВЕК Во извештаи на Царска Русија од 1764-1765 г,во Елисаветската Губернија (Украина) наброени се доселениците од земјите на Балканот. Македонците се наведени како посебна нација*, покрај Бугари, Срби, Турци, Власи итн… – пишува во објавата на Твитер.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…