Македонците од Албанија и градоначалникот на Пустец со честитка за Божиќ: Најдобри желби за сите православни Македонци
Честитка по повод големиот христијански празник Рождеството Христово – Божик упатија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и градоначалникот на Пустец, Пали Колефски.
– Македонска алијанса за европска интеграција на сите православни Македонци им го честита големиот христијански празник Рождеството Христово – Божик, со најдобри желби за здравје и живот, мир и љубов, среќа, радост и благосостојба, стои во честитката.
Да ги негуваме семејните вредности на македонскиот народ и да даруваме безусловна љубов кон ближните, се додава во честитката од МАЕИ.
Од свое име и од име на Советот на општината и општинската администрација честитка упати и градоначалникот на Пустец.
– Божиќ е голем празник кој успева да донесе љубов и среќа во нашите домови. Ова се денови на радост, на љубовта и надежта, денови на сплотеност помеѓу луѓето и како такви – секој заслужува да ги помине како што доликува. Христос се роди! Среќен Божик на сите, посакува меѓу другото Колефски.
Среќни божиќни празници, со желби за мир, хармонија, здравје, благосостојба посака и македонското друштво ” Илинден”-Тирана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…
Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!
По налог на Специјалното обвинителство против организиран…
Албанија и САД слават 102-годишнина од воспоставување…
Албанија и САД ја слават 102-годишнината од…
Остра реакција на МАЕИ и партиите на…
Партиите на Македонците, Власите, Египќаните и Ромите…