Македонците од Бугарија до негаторот Петков: Премиерот стана дел од тоталитаризмот на Живков

t

Откако Петков денеска коментираше за постоењето на Македонци во Бугарија, реагираше организацијата на Македонците во Бугарија ОМО „ИЛИНДЕН“ – ПИРИН која ја пренесува expres.mk.

Во врска со изјавата на премиерот Кирил Петков против македонското малцинство во Бугарија ОМО „ИЛИНДЕН“ – ПИРИН смета дека за жал, со изјавата Петков станал дел од срамно друштво и срамна болест.

,,Со изјавата дека во Бугарија нема македонско малцинство, бугарскиот премиер Кирил Петков се приклучи на тоталитарната штафета, започната од Тодор Живков и пренесена како срамна зараза преку Борисов и Каракачанов па се до него. Срамно друштво и срамна болест. И срамен почеток на премиерскиот мандат на кого се полага толку многу надеж. Но, што може да се очекува кога е во коалиција со толку духовни внуци на Тодор Живков?”, се вели во реакцијата на ОМО „ИЛИНДЕН“ -ПИРИН од каде се прашуваат
,,Колку е апсурдно чувството да се кажуваат очигледни лаги во кои никој освен измамените граѓани на Бугарија не верува”?

Прогонот и асимилацијата врз македонското малцинство беше првиот преродбенски процес што го започна Тодор Живков и единствениот кој се уште не е запрен или осуден. Ова е последната тоталитарна политика во Европската Унија и како таква е бугарски срам за Европа, се вели во соопштението на Македонците од Бугарија.

,,Негирањето на македонското малцинство во Бугарија е срам за бугарската држава и демократија.

За жал, во Бугарија лагата е претворена во национално достоинство, беззаконието во ред, кршењето на човековите права во морал, асимилацијата и дискриминацијата во животни работи.

Но, не само Петков, туку милиони ќе ја повторат лагата дека во Бугарија нема македонско малцинство, ова нема да ја направи вистина, ниту пак да ги снема Македонците. Зборовите на оние кои ја негираат вистината немаат моќ да ја сменат реалноста дека во Бугарија има и ќе има македонско малцинство. Затоа што не е некаква вредност и важен гласот на оние кои негираат, туку гласот на оние кои се самоопределуваат и ќе продолжат да се самоопределуваат Македонците, како што се нивните татковци и дедовци.

Колку побрзо Бугарија се ослободи од лагата дека ги немаме останатите наши свети лаги за Македонија и Македонците, толку подобро ќе биде и за неа и за сите граѓани на Бугарија и на Балканот.

На премиерот му посакуваме брзо закрепнување од овој срам и од оваа болест! Вакцина против тоа е вистината. Друго нема”, се вели во реакцијата на ОМО Илинден-ПИРИН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Втори август е славен датум за нашата…

Република Бугарија останува решена да работи на…

Сиљановска од Пелинце го честита Илинден со…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати…

(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…

Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…

(Видео) Државата гори, Мицкоски сам слави Илинден,…

Премиерот Мицкоски и владината делегација меѓу кои…

Груевски: Славењето на хероите ќе создаде нови…

Честитка по повод Илинден објави поранешниот премиер…