Македонците од Мала Преспа во Канада ја одржаа традиционалната годишна средба

Македонското друштво „Мала Преспа” од Канада ја одржа традиционалната годишна средба, во чест на големиот верски празник Свети Архангел Михаил, кој е заштитник на Македонците од Мала Преспа, пишува весникот „Македониум”.
Оттаму додаваат дека иако се далеку од својата родна грутка иселените Македонци од овој живописен крај своите традиции како светост ги чуваат и негуваат и во Канада.
– Имаат свое друштвото „Мала Преспа” кое е формирано со цел продолжување на македонштината и во Канада. На настанот кој се одржа на старата локација Capitol Banquet Hall во градот Мисисага присуствуваа многу Македонци со потекло од Мала Преспа, кои денес живеат во Канада и САД, наведува весникот.
Средбата и присутните ги благословија свештениците од Македонската православна црква, а пред присутните се претставија најмладите членови на македонското културно-уметничко друштво.
– Сплотено, семакедонски се славеше до раните утрински часови. Средбата беше испочитувана од многу претставници на управите во македонските православни цркви, како и македонски патриотски организации и здруженија од Канада, стои во написот.
Владимир Терпо, македонски иселеник од Мала Преспа, кој живее во Канада, за весникот „Македониум“ изјави дека македонското друштво „Мала Преспа” во Канада е формирано пред 14 години од македонски иселеници од Пустец и други делови од областа Мала Преспа со цел негување на македонската култура и традиција.
– Веќе станува традиција, ние, Македонците со потекло од Мала Преспа, кои живееме во Канада и Америка, да се собереме по повод православниот празник Свети Архангел и Михаил. Овој ден преставува добра можност за сите нас да се дружиме, веселиме, но и да позборуваме за нашиот роден крај населен со етничко чисто македонско население, додава Владимир за весникот „Македониум“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канада оди на предвремени избори: Мораме да…
Канадскиот премиер Марк Карни распиша предвремени избори…
(Фото) Протести и во Германија за Кочани:…
Македонци во Нирнберг Германија, денеска одржаа мирен…
Кина, Канада и Мексико го враќаат ударот…
Откако стана јасно дека американскиот претседател Доналд…
Трудо: Канада денеска ќе воведе соодветни тарифи…
Канада ќе воведе соодветни тарифи за американските…
Стерјовски од Корча: Овде сме да го…
На денешниот состанок организиран од страна на…