Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година

t

Корисниците од Македонија потрошиле околу 1,4 милиони евра на платформата OnlyFans во текот на финансиската 2025 година, покажуваат проценките на аналитичкиот сервис JuicySearch, објавени од „Блумберг Адрија“. Во шест земји од регионот вкупната потрошувачка достигнала приближно 31 милион евра.

Според анализата, македонските корисници потрошиле околу 1,6 милиони долари, односно приближно 1,4 милиони евра, за претплати и други платени содржини на платформата, која е најпозната по содржините наменети за возрасни.

Податоците го опфаќаат периодот од декември 2024 до ноември 2025 година, а Македонија се наоѓа на петтото место меѓу шесте анализирани земји од регионот.

Хрватска прва, Македонија пред Црна Гора

Најголема потрошувачка е регистрирана во Хрватска, каде што корисниците потрошиле околу 10 милиони евра. На второто место е Словенија со приближно 8,9 милиони евра, додека Србија е трета со околу 7,7 милиони евра.

Следува Босна и Херцеговина со околу 2,3 милиони евра, додека Македонија е петта со 1,4 милиони евра. Најмалку пари на OnlyFans потрошиле корисниците од Црна Гора, околу 600.000 евра.

Вкупната проценета потрошувачка во шесте земји изнесува околу 30,9 милиони евра.

Во Босна и Херцеговина потрошувачката пораснала за речиси 24 отсто

Посебно внимание привлекуваат податоците за Босна и Херцеговина, каде што проценетата потрошувачка пораснала за 23,9 отсто во однос на претходната година.

Најголем дел од средствата биле потрошени во Сараево и околината, околу 542.000 евра, по што следуваат Бања Лука со приближно 222.000 евра и Мостар со околу 97.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…