Макрон: Абортусот е фундаментално право на жените

Францускиот претседател, Емануел Макрон во петокот рече дека абортусот е фундаментално право на жените, како реакција на одлуката на Врховниот суд на САД која претходно ја поништи значајната пресуда од 1973 година Ро против Вејд за абортусот.
„Абортусот е основно право за сите жени. Мораме да го заштитиме. Би сакал да ја изразам мојата солидарност со сите оние жени чии слободи денес беа загрозени од Врховниот суд на САД“, напиша Макрон на својот профил на Твитер.
Врховниот суд на САД во петокот го презеде драматичниот чекор за поништување на значајната пресуда од 1973 година Ро против Вејд, која го призна уставното право на жената на абортус и го легализираше на национално ниво, давајќи им значајна победа на републиканците и верските конзервативци кои сакаат да го ограничат или забранат постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…
САД го поздравија успешниот крај на преговорите…
САД продолжија со испораката на оружје за…
Испораките на оружје од САД за Украина…