Макрон е песимист: Решение во Украина за кратко време нема да има
Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека на краток рок нема да се најде политичко решение за ситуацијата во Украина, а воените операции најверојатно ќе продолжат.
„Разговорите со рускиот претседател Владимир Путин се комплицирани бидејќи тој одбива да го прекине огнот. Денес Русија е на следната позиција – бара многу тешки услови од Украина. „Ова се преговори меѓу Украина и Русија, но тие се водат во многу неправедни услови на агресија, во услови во кои Франција нема да интервенира“, рече Макрон.
Францускиот претседател додаде дека се надева оти со преговори ќе се дојде до вистинското решение во наредните денови и недели.
„Правиме се што можеме за да помогнеме. Тоа зависи од двете земји, но зависи и од ситуацијата на теренот. „Навистина ги гледам работите и мислам дека војната најверојатно ќе продолжи на краток рок“, рече францускиот лидер.
Тој исто така посочи дека ќе бидат воведени нови санкции против Русија, а со тоа и контрасанкции на Москва и заклучи дека Франција, Германија и Европа „направиле се за да избегнат војна“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Украина врати група воени заробеници во Русија
Украина ја врати втората група руски војници…
ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…
Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…