Макрон и Шолц му пишале и на Курти: Нормализација на односите меѓу Косово и Србија е од клучно значење

t

Косовскиот премиер Албин Курти доби заедничко писмо од германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон, во кое се наведува дека целосната нормализација на односите меѓу Косово и Србија е од клучно значење за Западен Балкан. Истовремено, Франција и Германија ги назначија своите советници за надворешна политика и безбедност Јенс Плотнер и Емануел Бон директно да го поддржат Мирослав Лајчак, пренесува Репортерс.
Макрон и Шолц побараа од Курти подготвеност и максимална посветеност за носење тешки одлуки, кои водат до напредок на дијалогот. Слично писмо испратија и до претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Писмото до Курти во целост го пренесоа приштинските медиуми:

Почитуван премиере,

Ова писмо го пишуваме во клучен момент за безбедноста на европскиот континент и стабилноста во регионот на Западен Балкан.

Убедени сме дека во светлината на руската агресија врз Украина, треба да вложиме уште посилни напори за да ја направиме европската перспектива реалност за земјите од Западен Балкан и да најдеме решенија за актуелните билатерални и регионални спорови.

За Западен Балкан од клучно значење е целосната нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Ви се обраќаме како лидер за да ве поканиме да покажете подготвеност и максимална решителност за носење тешки одлуки, кои водат кон напредок на дијалогот меѓу Косово и Србија, предводен од ЕУ.

Неодамнешните тензии покажаа дека итно се потребни конструктивни чекори на патот напред, и на практично и на политичко ниво.

Затоа, ги задолживме нашите советници за надворешна политика и безбедност, г-дин Јенс Плотнер и г-дин Емануел Боне, директно да го поддржат Мирослав Лајчак во неговите напори.

Нашиот предлог е советниците со Мирослав Лајчак да одат во заедничка посета на Косово и Србија, за да се најдат опции, за брзо да се одвива процесот.

Многу се надеваме дека оваа иницијатива ќе има ваш интерес и поддршка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…

Мисијата на Европската унија за владеење на…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…