Макрон: Косово не го одржа зборот!

t

Францускиот претседател Емануел Макрон му се закани на Косово дека од 1 јануари нема да биде дел од безвизниот режим доколку не се почитуваат договорите постигнати со Белград, јавуваат приштинските медиуми.

Да бидам јасен, ние ви верувавме за прашањето за визите, тоа прашање беше суспендирано од Франција, бидејќи тоа има врска со почитување на дадениот збор и зборот не се одржа. Очекувам двете страни да се посветат на напредок. Ова е услов за мир во целата област – ​​рече Макрон на прес-конференцијата на која присуствуваше и албанскиот премиер Еди Рама.

Францускиот претседател рече дека очекува Косово и Србија да организираат избори на север со целосно учество на Србите на изборите и во институциите, а потоа да ја признаат Заедницата на општините со српско мнозинство на Косово.

Макрон очекува српскиот претседател Александар Вучиќ остро да го осуди нападот врз косовската полиција во Бањска на 24 септември.

Очекувам Вучиќ да биде одговорен, а истото го очекувам и од косовскиот претседател и премиер – рече Макрон.

Приштински Коха побара одговор од косовското Министерство за надворешни работи, поради различни толкувања дека Франција веќе донела одлука за суспензија на безвизниот режим за Косово.

Одлуката за суспендирање на укинувањето на визите за имателите на косовски пасоши се однесува само на Франција, а не и на целата Европска унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…

Нема дно кое Мицкоски не може да…

Путин: Почнува сериското производство на ракетниот систем…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…

Таравари: Разочаран сум што Влен од прекрасен…

На првата годишнина од владата на Мицковски…

Една година власт на ВМРО-ДПМНЕ: Нула резултати,…

Неверојатна е леснотијата со која Мицкоски смета…