Макрон: Косово не го одржа зборот!
Францускиот претседател Емануел Макрон му се закани на Косово дека од 1 јануари нема да биде дел од безвизниот режим доколку не се почитуваат договорите постигнати со Белград, јавуваат приштинските медиуми.
Да бидам јасен, ние ви верувавме за прашањето за визите, тоа прашање беше суспендирано од Франција, бидејќи тоа има врска со почитување на дадениот збор и зборот не се одржа. Очекувам двете страни да се посветат на напредок. Ова е услов за мир во целата област – рече Макрон на прес-конференцијата на која присуствуваше и албанскиот премиер Еди Рама.
Францускиот претседател рече дека очекува Косово и Србија да организираат избори на север со целосно учество на Србите на изборите и во институциите, а потоа да ја признаат Заедницата на општините со српско мнозинство на Косово.
Макрон очекува српскиот претседател Александар Вучиќ остро да го осуди нападот врз косовската полиција во Бањска на 24 септември.
Очекувам Вучиќ да биде одговорен, а истото го очекувам и од косовскиот претседател и премиер – рече Макрон.
Приштински Коха побара одговор од косовското Министерство за надворешни работи, поради различни толкувања дека Франција веќе донела одлука за суспензија на безвизниот режим за Косово.
Одлуката за суспендирање на укинувањето на визите за имателите на косовски пасоши се однесува само на Франција, а не и на целата Европска унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиство во Ѓорче Петров
На 22.10.2026 во 18:40 часот во СВР…
При контрола во угостителски објект во Тетово,…
На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за…
Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите…
Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање по…
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
МВР најави зголемена употреба на дронови за…
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…