Макрон: Курти и Вучиќ изразија подготвеност за спроведување на договорите

t

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека на вчерашните разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти биле добиени јасни изјави дека се подготвени да ги спроведат постигнатите договори.
На прес-конференцијата по Самитот на ЕУ, Макрон посочи дека, покрај војната во Украина, како и ситуацијата во Израел, лидерите на Унијата се фокусирале и на ситуацијата на Западен Балкан.

„Се занимававме со Косово и Србија. Италијанскиот премиер Џорџа Мелони, германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателот на Советот на ЕУ, Чарлс Мишел, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак и јас вчера разговаравме со премиерот Курти и претседателот Вучиќ. Тие јасно изразија подготвеност за спроведување на Бриселскиот и Охридскиот договор, како и за што поскоро формирање на ЗСО“, рече тој.

Макрон нагласи дека ЕУ сака тоа да стане реалност сега и да продолжи нормализацијата на односите.

„Го осудивме нападот на 24 септември и побаравме јасни мерки и истрага од претседателот Вучиќ“, нагласи Макрон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…

Мисијата на Европската унија за владеење на…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…