Макрон: Не може да се вее руско знаме на ОИ во Париз

t

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска за парискиот спортски весник „Л’Екип“ изјави оти „не може да има руско знаме на Олимписките игри (ОИ) во Париз во време кога Русија извршува воени злосторства“.

Очигледно не може да има руско знаме на Игрите во Париз, верувам дека постои консензус, бидејќи на Русија не ѝ местото на ОИ во време кога врши воени злосторства, кога депортира деца, истакна Макрон.

Одговарајќи на новинарско прашање околу можноста ограничен број руски спортисти да настапат на Игрите во Париз, шефот на француската држава одговори:

Се надевам дека ова е совесна одлука во олимпискиот свет. Не треба државата домаќин да одлучува што треба да прави Меѓународниот олимписки комитет (МОК). Имам целосна доверба во (претседателот на МОК), Томас Бах, рече тој.

Спортистите од Русија и Белорусија се соочени со санкции во многу спортови од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари лани. И покрај војната, МОК препорача дека руските и белоруските спортисти можат да се натпреваруваат под неутрално знаме на меѓународните натпреварувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на рускиот „Роснефт“ вели дека ОПЕК+…

Групата ОПЕК+, составена од водечки светски производители…

Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…

Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…

Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон

Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…

Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…

Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…

Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…

На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…