Максим го купува семафорот од 10,5 милиони од советничка на ВМРО-ДПМНЕ?!

t

Како советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Куманово е поврзана со фирмата која го доби тендерот за магичниот семафор од десет и пол милиони денари?

Се сеќавате на „мултифункционалниот“ семафор кој кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски го набавил за десет и пол милиони денари од компанијата Кинг Трејд Ко Дооел Увоз-Извоз Кочани?

На јавниот оглас има само еден понудувач, компанијата КИНГ ТРЕЈД КО ДОО увоз-извоз Кочани, која според јавно достапните податоци има само петмина вработени.

Е сега, како копманијата е поврзана со Валентина Младеновска, актуелна советничка во Советот на Општина Куманово од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ?

Читајте внимателно, затоа што работата е малку замрсена.

Валентина Младеновска е основач и сопственик на ФДО КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Куманово, компанија основана во 2017 година, а согласно јавно достапните податоци е поврзана со компанијата Лирак Тетово. ФДО КОНСАЛТИНГ има четворица вработени, а во 2023 година остварила приход од над 2.7 милиони.

Младеновска е сопственик и на половина од компанијата ИНТЕР СТАР ДОО Куманово, а сопственик на другата половина е Дејан Андреевски. И оваа компанија повторно е поврзана со Лирак Тетово и исто така има вкупен приход од 2,7 милиони во 2023 година.

Зошто го споменуваме Лирак Тетово? Затоа што Лирак Тетово е поврзано со Кинг Трејд Ко, компанијата која го добива тендерот за семафорот во Куманово. Лирак Тетово, иако се работи за огромен угостителски објект има пријавено шест вработени и приходи од речиси 21 милион.

Сите компании се поврзуваат со Лирак Тетово односно сите компании имаат удели во Лирак Тетово, што накратко значи дека Валентина Младеновска има ќар од сите фирми, како и од Кинг Трејд која го добила тендерот за магичниот семафор на Димитриевски. Сите фирми заедно прават една пајажина во која заедничка точка е советничката Валентина Младеновска и сите тие се акционери во Лирак Тетово.

Дали ова не е судир на интереси, дали можеби советничката знаела детали што други фирми не ги знаат, па воопшто не се ни пријавиле за учество на јавната набавка, останува на ДКСК и ОЈО да проверат.

Ние претходно поставивме прашање до кумановскиот градоначалник, кој е потписник на договорот како може семафорот да чини десет и пол милиони денари и зошто постапката не е повторена, бидејќи се јавил само еден понудувач. Еве што одговори Димитриевски:


– Семафорот за кој вие поставувате прашање се однесува на централниот четиристран семафор со димензии 4 х 200см х 400см лед табли кој покрај основна функција е и лед видео матричен и може да прикажува мултимедијални содржини а воедно ги исполнува и највисоките стандарди од фиба левел 1, со вклучено синхронизирање на сите семафори во салата и вклучена опрема за комплет мултимедија пренос (миксета, хардвер, софтвер, оптика, напојување и др.)
Дополнително во таа цена е вклучено изработка и монтажа на челична носечка подконструкција за носење на патосот меѓу семафорите, главна скала за пристап од патека до појасот на семафорите, помошна патека за премин преку каналите за климатизација, еднострана ограда на патеките обложени со челичен лим со заштита.
Што се однесува до главниот семафор за прикажување на резултат и статистика на игра според фиба стандард истиот чини 965.000ден. (набавка, транспорт, инсталација и пуштање во употреба)
Постапката е спроведена според закон и не е повторена бидејќи понудата не ја надминала вредноста на предмер пресметката во проектната документација за реконструкција на спортската сала за тие позиции и ставки.

Она што Димитриевски го направи неколку денови по нашата објава, каде и самиот е запрашан за став, е навредување на нашата редакција и на редакциите кои го преземаа текстот нарекувајќи не квази новинари.

Можеби, наместо да се занимава со тоа кој каков новинар е и да се меша во туѓа работа, градоначалникот треба да се позанимава со милионските суми кои завршиле во фирма блиска до советничка во советот на општината, како и со спречување на влијанија и судир на интереси.

Покрај судирот на интереси и врската на фирмата со Младеновска, се уште останува отворено прашањето како семфор кој чини 20-30 илјади евра е набавен за 150.000 евра и каде завршиле вишокот од парите.

Детали за набавката на семафорот прочитајте во текстот во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Максим го купува семафорот од 10,5 милиони…

Како советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Куманово…

ДУИ: Соопштенијата на ВРЕДИ против ДУИ им…

„Денес, неколку албански политички субјекти, кои влегоа…

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ лаже, не се способни да…

После неколкудневните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ за неадекватно…

Функционерите на ВРЕДИ ги злоупотребуваат државните ресурси…

Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, и…

Спасовски: Законот за бранители може да се…

Пратеникот и координатор на пратеничката група на…