Мали гужви на граничните премини, се препорачува внимателно возење по овие неколку делници
Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во Македонија на ГП Табановце за влез се чека околу 20-30 минути. На ГП Богородица за излез околу 15-30 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се…
На граничниот премин Табановце за влез во…
На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани
Вчера во 5:30 часот на граничен премин…
Романци со ножеви и мачета во кола…
47-годишен Романец и негов 33-годишен сопатник се…
На ГП Табановце викендов влез и излез…
На граничниот премин Табановце изминатиот викенд влегле…
Кај село Табановце запрено возило полно со…
МВР информира дека синоќа околу 20.30 часот…