На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле над 32.000 странски државјани

t

На граничниот премин Табановце изминатиот викенд влегле и излегле скоро 37 илјади македонски државјани, а во истиот период влез и излез оствариле над 32 илјади странски државјани, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека во периодот од 11 април до денеска влегле 23.139, а излегле 13.845 македонски државјани. Во истиот период влегле 19.679, a излегле 12.891 странски државјанин.

Пред празничниот викенд почнаа да се враќаат македонските државјани кои работат во земјите од Западна Европа. Најголем дел од нив се враќаат токму пред Велигден за да ги поминат празниците со најблиските.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

600 куршуми пронајдени во автобус запрен на…

Во автобус кој е запрен на граничниот…

Српски државјанин сакал да изнесе 94.000 евра…

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот…

Околу 130 килограми марихуана откриени на Табановце,…

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за…

Италијанка и Германец фатени со марихуана на…

На 27.09.2025 во 09:00 часот на Граничен…