Малолетнички малтретираат и снимаат девојче во Чаир: Девојчето не кажало ништо од страв
СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојче од Чаир, извршен од страна на малолетнички, кои го снимале настанот и го објавиле на социјалните мрежи. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, утврдено е дека на 20.06.2025 околу 14:00 часот на ул. „Павле Илиќ“ во Скопје, во близина на угостителски објект, 11-годишно девојче било физички нападнато од страна на три девојчиња, а едно девојче го снимало нападот со мобилен телефон.
Деновиве видеото од нападот било објавено на социјалните мрежи и на еден портал, а настанот на 01.09.2025 во полициска станица го пријавил и таткото на нападнатото девојче, кој кажал дека за настанот дознал од социјалните мрежи, а неговата ќерка не му кажала ништо поради страв да не биде нападната повторно.
Малолетничките и нивните родители се повикани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци во врска со кривичните дела „насилство“ и „неовластено снимање“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетнички малтретираат и снимаат девојче во Чаир:…
СВР Скопје го расчисти случајот со нападот…
Турски експерти ќе го кројат планот за…
Турски тим експерти, предводен од Бајрам Вардар,…
Османи го претстави проектот „Чаир за сите…
Денес сме собрани тука по една посебна…
ДУИ обвини дека Општина Чаир исплаќа паушали…
Како што рече на прес-конференција Бесарта Алија…
(Фото) Невремето откорна кровови во Ѓорче Петров…
Денешното кратко невреме предизвика бројни штети низ…