ДУИ обвини дека Општина Чаир исплаќа паушали на партиски активисти

t

Како што рече на прес-конференција Бесарта Алија од ДУИ, најголемиот дел од парите завршувале кај партиски активисти, кои наместо да работат за граѓаните, ги извршувале партиските задачи на министерот за животна средина, Изет Меџити
Бесарта Алија / Фото: принтскрин

Во само еден месец исплатени се над 600 паушали со износи од 15 000 до 50 000 денари во општина Чаир, без критериуми и без објаснувања. Ова е директна кражба на граѓаните, објави денеска на прес-конференција, Бесарта Алија од ДУИ.Според неа, најголемиот дел од парите завршувале кај партиски активисти, кои наместо да работат за граѓаните, ги извршувале партиските задачи на министерот за животна средина и кандидат за градоначалник на Чаир од ВРЕДИ на претстојните локални избори, Изет Меџити.

„600 луѓе директно земаат месечни надоместоци од парите на граѓаните, само за да ја туркаат партиската агенда на Изет Меџити. Прашањето е едноставно: Дали овие луѓе се задолжени да ја водат неговата кампања со пари од буџетот на Општина Чаир?“,изјави Бесарта Алија.

ДУИ ги повика Државната комисија за спречување на корупција и Јавното обвинителство итно да отворат постапка и да утврдат каде завршуваат помеѓу 300.000 и 500.000 евра месечно.„Ова е расипништво без преседан. Граѓаните на Чаир имаат право да знаат кој и како им ги троши нивните пари. Доста е со лаги и манипулации. Чаир заслужува чесна и отчетна власт“,истакна Алија на прес-конференцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

Тошковски: Интензивно се работи на расчистување на…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

Меџити: Чаир и Вакарици кон збратимување

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска…

ДУИ бара одговор зошто нема ниту еден…

ДУИ реагира дека етничките Албанци во државата…

Клековски: Прободениот 13-годишник сѐ уште е во…

Тринаесетгодишното дете кое беше прободено со нож…