Манчестер Сити и Интер со една нога се во полуфиналето
Манчестер сити и Интер направија голем исчекор кон полуфиналето во Лигата на шампионите после вечерашните „први полувремиња“ во четвртфиналната рунда, откако англискиот првак го потопи Баерн Минхен во супердербито на „Итихад“ со 3-0, а „нераѕурите“ го освоија Лисабон и ја победија Бенфика со 2-0.
Ужасно лошиот француски репрезентативен стопер Дајот Упемекано со несигурноста, безбројните лоши додавања и загубени топки во опасна зона, на Манчестер сити му овозможија да дојде до убедлив триумф, а да не беше голманот Јан Зомер, баварската гордост ќе доживееше тотален дебакл зашто имаше шест одбрани со кои го спасуваше голот.
Шпанецот Родри во 27-та минута со голчиште од 20 метри го отвори мечот, а иако Баварците нешто подобро влегоа во вториот дел, очајниот Упемекано со низа киксови потоа им пресуди на своите колеги. Од една загубена топка, Бернардо Силва на асистенција на Ерлинг Браут Халанд ја дуплираше предноста во 70-та минута во „матот во три потега“, а потоа Халанд додаде трет гол во 77-та после центаршутот и аистенцијата на стоперот Џон Стоунс.
Сити во Минхен оди со џиновска преснот и Баерн пред себе ќе има „невозможна мисија“ за да ги надополни овие три гола негатива, а „второто полувреме“ од ова четвртфинале е идната среда од 21 часот.
Иако Интер има очајна серија во Калчото со четири меча без победа и само еден освоен бод во периодов, па излезе и од првата четворка, висејќи за место за ЛШ, „нераѕурите“ денеска го освоија Лисабон со триумфот кој го обезбедија Николо Барела и Ромелу Лукаку во второто полувреме.
Бенфика прва се закани на мечот со одличен удар на Рафа Силва во 16-та минута после кој Андре Онана бравурозно интервенираше и тоа беше сѐ од Бенфика до крајот. По не многу продуктивниот прв дел, Барела пет минути во вториот даде гол за водство, со глава по фантастичен центаршут на Андреа Бастони, а осум минути пред крајот Лукаку од пенал стави печат на победата и ептен им ја олесни работата на „нераѕурите“ за реваншот, кој како и дербито Сити-Баерн, се игра за осум дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Први ефекти од војната меѓу Израел и…
Се уште е неизвесно дали воениот конфликт…
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…