Објавено на:

Марин Ле Пен ќе се жали на пресудата

t

Француската ултрадесничарска политичарка Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на одлуката на судот со која лидерката на француската крајна десница е осудена на четири години затвор, соопшти нејзиниот адвокат.

Според одлуката, две од вкупно четирите години затвор ќе бидат условна казна. Судот пресуди и дека Ле Пен треба да добие петгодишна забрана за вршење јавна функција и треба да плати парична казна од 100.000 евра.

Ле Пен е прогласена за виновна за проневера на европски фондови.

Ова е удар за демократијата – рече нејзиниот адвокат.

– Марин Ле Пен ќе продолжи да се бори – изјави портпаролот на нејзината партија Национален собир.

Ле Пен важи за еден од фаворитите за претседателските избори во Франција закажани за 2027 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марин: Нема да има нуклеарно оружје на…

Прашањето за распоредувањето на базите на НАТО…