Маричиќ: Има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се согласуваат Бугарите да бидат внесени во Уставот

t

Ние имаме консензус за влез во ЕУ и има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на кои не им пречи влез на Бугарите во Уставот, истакна Бојан Маричиќ во гостување во СТУДИО 10.

– Подадовме рака опозицијата да има пристап до процесот на преговориите и опозицијата да има улога. Во тек на скринингот ќе треба да определиме за колку време можеме да постигнеме одредени резултати а за тоа е битно Собранието во кое учествува и опозицијата. Има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се согласуваат Бугарите да бидат внесени во Уставот. Ние имаме консензус за влез во ЕУ. Оттука, не е фер кон граѓаните да се блокираме самите себе, вели Маричиќ.

Во однос на историските прашања со Бугарија добиваме различни пораки од владите на двете земји. Македонската влада вели дека историските прашања не се дел од преговарачката рамка, но од бугарска страна добиваме информации дека тоа е услов за влез во ЕУ.

– Услов за влез во ЕУ се добрососедските односи. Но, во преговарчката рамка не е наведено ниедно историко прашање како репер според кој ЕУ ќе нѐ цени и ќе вади бенчмаркови, оти тоа не е дел од правила на ЕУ. Тие прашања од протоколот ќе ги решаваме билатерлно со Бугарија, вели вицепремиерот за евроинтеграции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!

Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…

Бугари „без врска“ ѕвонеле на бројот 112,…

Казна од 10.000 лева (5.000 евра) ќе…

Се чекаат пресуди за Бугарите обвинети за…

Казните на шестемина Бугари прогласени за виновни…

Хрватите во Македонија сакаат да влезат во…

Хрватите во Македонија ќе имаат корист од…

Шестмина Бугари уапсени за проневера на 62…

Шестмина Бугари осомничени за измама на хуманитарна…