Маричиќ: Македонскиот јазик е впишан како што треба и во иднина станува еден од официјалните јазици на ЕУ

t

Сметаме дека овој предлог ги обезбедува нашите црвени линии утврдени во парламентот, во оваа форма во која што е сега предлогот, македонскиот јазик е целосно гарантиран, без додавки, без фусноти, без ѕвездички и е вграден проеговарачката рамка, истакна вице-премиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во вестите на Сител телевизија.

Тој појасни дека треба граѓаните да знаат Бугарија како една од земјите члекнки на ЕУ може по своја волја да изјави некој став во врска со македонскиот јазик, но тоа не ја обврзува ЕУ.

Македонскиот јазик е впишан како што треба и во иднина станува еден од официјалните јазици на ЕУ, никој не треба да има дилема дека јазикот не е заштитен, тоа беше една клучна точка, истакна Маричиќ.

Тој додаде дека претседателот на државата го прифати францускиот предлог, дел од партиите од владеачката коалиција се изјаснија, се разговара со сите.
Нам ни е важно сите да го разберат овој момент кој е клучен, пресвртен за понатаму, мислам дека треба на овој момент да му дадеме прилика и затоа нам ни е битно во тие широки консулатации да бидат оптфаени сите општествени кругови, за повеќето од граѓаните да бидат убедени дека ова е навистина предлог на којшто треба да му се даде шанса, нагласи Маричиќ.

Тој најави дека наредните денови ќе биде соопштено точно кои се наредните чекори.

Нам ни е битно овој предлог да добие легитимитет за да можеме да го спроведеме, емоциите се разбилрви и ги имаме сите, нам ни битно да имаме предлог кој ќе го гаранитра македонсиот јазик, кој нема да ги обремени преговорите со историските прашања, порача Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…

Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…

Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…

Одговорноста има име и презиме, тоа е…

Социјалните мрежи горат по вчерашното реми: Од…

Социјалните мрежи вријат откако Македонија вчера ѝ…

Добро утро со Инфомакс: Наше знаме е…

Добро утро Македонци, денеска ви го пренесуваме…

Руски зборник од 1849 година: Македонскиот јазик…

Во време кога се врши атак врз…