Маричиќ нема да оди во Софија: Бил позитивен на Ковид-19

t

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот фејсбук-профил информира дека поради позитивен тест на Ковид-19 нема да биде дел од владината делегација што од денеска е во официјална посета на Софија.

Маричиќ истакнува дека не чувствува никакви симптоми, но наведува дека како што наложуваат правилата ќе биде во изолација.

За жал, нема да сум присутен и на првиот состанок на заедничката меѓувладина работна група за европска интеграција и зелени политики со која јас копретседавам, но останувам во комуникација со колегите Грковска, Нуредини и Алити, како и со моите бугарски колеги околу деталите и заклучоците од средбата, наведува Маричиќ.

Порачува дека започнуваме со нова динамика и отвораме нова можност со Република Бугарија на, посочува, еден поинаков начин на меѓусебна комуникација и соработка, од која очекуваме унапредување на односите и надминување на разликите во интерес на граѓаните на двете земји.

Давам целосна поддршка на процесот на продлабочување на соработката на сите нивоа и во сите области, како и зближување на двата народи, преку видливи резултати од функционирањето на работните групи, напиша вицепремиерот Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Илјадници луѓе во Софија со митута молк…

Илјадници синоќа со едноминутно молчење во Софија…

Само во Софија 100 лица се пријавиле…

Само во Софија над 100 лица се…

Жена избодена во трамвај во Софија!

34-годишна жена е избодена со нож во…

Бугарија го смени името на аеродромот во…

Со указ од 17 февруари 2025 г.…

ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…

Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…