Маричиќ нема да оди во Софија: Бил позитивен на Ковид-19
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот фејсбук-профил информира дека поради позитивен тест на Ковид-19 нема да биде дел од владината делегација што од денеска е во официјална посета на Софија.
Маричиќ истакнува дека не чувствува никакви симптоми, но наведува дека како што наложуваат правилата ќе биде во изолација.
За жал, нема да сум присутен и на првиот состанок на заедничката меѓувладина работна група за европска интеграција и зелени политики со која јас копретседавам, но останувам во комуникација со колегите Грковска, Нуредини и Алити, како и со моите бугарски колеги околу деталите и заклучоците од средбата, наведува Маричиќ.
Порачува дека започнуваме со нова динамика и отвораме нова можност со Република Бугарија на, посочува, еден поинаков начин на меѓусебна комуникација и соработка, од која очекуваме унапредување на односите и надминување на разликите во интерес на граѓаните на двете земји.
Давам целосна поддршка на процесот на продлабочување на соработката на сите нивоа и во сите области, како и зближување на двата народи, преку видливи резултати од функционирањето на работните групи, напиша вицепремиерот Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во…
Во тек се подготовките за заминување на…
Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словачка
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална…
Предлог Дара да биде прогласена за почесен…
Претседателот на Општинскиот совет на Софија (ОСС),…
Во Грција ќе се ексхумираат 150 гробови…
Пет години по погребите, распаѓањето на телата…
(ФОТО) Американски воени авиони на аеродромот во…
Извори на бугарскиот портал „Сега“ и објави…