Маричиќ убедува: Со уставните измени го зајакнуваме македонскиот идентитет
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во интервјуто за „Радио спектар“ рече дека на уставните измени треба да се гледа како заштита и зајакнување на македонскиот идентитет наспроти Бугарија.
– Со ставањето, додавањето на Бугарите како етничка заедница во Уставот се прави јасна дистинкција помеѓу македонскиот народ, Македонците, мнозински народ во Северна Македонија и Бугарите како етничка заедница во државата и како малцинство, според конвенциите – изјави Маричиќ.
Тој потенцираше дека граѓаните имаат право слободно да се изјаснат како се чувствуваат и како што имаме седум други заедници во нашиот Устав, зошто да не се даде шанса и за Бугарите да, за ние на тој начин како што вели Маричиќ да бидеме заштитени дека никој не може да каже дека ние сме Бугари.
Маричиќ смета дека треба да се навлезе во суштината на уставните измени и дека е време и со ВМРО ДПМНЕ да се разговара и низ содржинска расправа да кажат зошто е проблем да бидат вметнати Бугарите во Уставот.
– Како тоа нам на Македонците ни е проблем и како тоа може да не загрози? Бидејќи содржински треба да го промениме Уставот во Преамбулата и во додавањето на Бугарите во оној Комитет за односи меѓу заедниците во Собранието, каде што ги има сите заедници. Тие се двете места во Уставот каде што се спомнуваат заедниците со име – објасни вицепремиерот Маричиќ.
Маричиќ верува дека доколку се започне таква дискусија, ќе се дојде до разумни аргументи дека е навистина трагично да се блокира сопствената држава на патот кон Европската Унија заради прашањето на уставни измени, посочувајќи дека во текот на преговорите со ЕУ ќе се отвораат уште потешки прашања врзани со усогласувањето со Европската унија, како на пример со либерализација на пазарот во различни области, пристапот кон земјоделско земјиште, кои можеби сега изгледаат банални прашања, меѓутоа ќе бидат прашања коишто ќе засегаат голем број на луѓе и во приватниот сектор и од јавниот сектор во текот на преговорите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…
Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…
Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање…
Европската Унија работи на паралелни реформи во…
Јовески се правда: Обвинителството не е консултирано…
Владата во постапката за донесување закони, а…
Апсолутно никој не смее и не може…
Никој апсолутно не смее и не може…
Прифаќаме промена на Уставот: Ова се трите…
Новиот, компромисен француски предлог за решавање на…