Марјан Шокаровски вратен за директор на Кардиохирургија

t

Доктор Марјан Шокаровски кој беше разрешен од претходниот министер за здравство Илир Демири, од викендов повторно е директор на Државна Кардиохирургија. Оваа информација ја потврди министерот за здравство Арбен Таравари при денешната посета на хируршките клиники. Причината за разрешувањето на Шокаровски, според екс министерот Демири, беше зголемената смртност на државна Кардиохирургија и тоа што вршел мобинг врз професорот Сашко Јовев.

Шокаровски тврдеше дека смртноста на државна Кардиохирургија е намалена, а обемот на операции зголемен, наоди кои се спротивни на оние од стручната комисија за испитување на смртноста што ја креираше Демири која во извештај констатираше зголемена смртност и тоа за кардиохируршките интервенции а не за васкуларните.

Антикорупциска комисија смета дека разрешувањето на Шокаровски е незаконско и дека со него се прекршени Законот за спречување корупција и Законот за здравствена заштита.

Демири пак го пријави Шокаровски во Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Леброн успеа – го донесе својот син…

Синот на Леброн Џејмс, Брони е избран…

(Фото) Дали ви изгледа ова нормално? ,,Фаќајте…

Пишува револтиран граѓанин на социјалните мрежи: Дали…

Ја паметите ли најпопуларната кафеана во старо…

Кафеаната “Метропол” била отворена во 1935 год.…

Сашко од скопско Миладиновци ја пронашол малата…

По веста дека малата Марија(3) од Србија…

СЛАВА МУ: На 28 јуни во атентат…

На 28 јуни 1921 година во Софија…