Масар Омерагиќ е најголем фаворит да седне на чело на ФФМ – сопственик на Руле Турс, некогашен играч на Вардар и Слога, денес неговиот син ја носи ,,деветката” на Вардар
Првиот човек на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини, вчера по натпреварот со Фарските Острови, ја објави оставката која му беше ковертирана пред десетина дена. Неговиот наследник ќе биде избран на 22 декември, на редовно Изборно Собрание на ФФМ.
Според информациите на ,,Инфомакс” , речиси сигурно е дека негов наследник ќе биде Масар Омерагиќ. Омерагиќ е поранешен фудбалер кој меѓудругото го носел дресот на најтрофејниот Вардар и сега веќе тимот кој не постои ФК Слога Југомагнат исто така од Скопје. Омерагиќ е сопственик на Руле Турс, а неговиот син, Азер во овој момент ги брани боите на Вардар каде ја носи ,,деветката” на овој скопски тим и е напаѓач.
Масар има поддршка од голем број на познати фудбалски имиња, но и на делегати. Позади овој кандидат, односно поддршка му даваат Горан Пандев, Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов и уште десетина други фудбалери.
Крунисувањето на новиот претседател на ФФМ и официјално ќе биде на 22 декември, на редовно Изборно Собрание на ФФМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хезболах не знаел дека купува пејџери од…
Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…
74-годишна жена од Охрид заврши во болница…
Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…
Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…
Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…
ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…
Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…
20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…
20-годишен возач е тешко повреден откако со…