Маск кон американска пратеничка: Престани да ми се пушташ, срамежлив сум
Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, одговори на објавата на американската политичарка, демократката Александрија Окасио-Кортез на Twitter, велејќи и да „престане да му се пушта“.
Во твит таа кажа дека е фрустрирана поради „масивната платформа за комуникација“.
– Уморна од колективен стрес и експлозија на злосторства од омраза затоа што некој милијардер кој има проблем со егото контролира огромна платформа за комуникација – изјавила таа, пренесува „Фокс њуз“.
– Престани да ми се пушташ, срамежлив сум – гласи одговорот на Маск.
Следуваше нов одговор од Окасио-Кортез:
– Мислев на Закерберг, но во ред – но таа го избриша тој твит само една минута подоцна.
Коментарот на Маск дојде неколку дена откако Twitter објави дека се согласува да биде купен од страна на извршниот директор на Tesla за 44 милијарди долари. Откако Twitter го објави договорот, Маск рече дека се радува на „отклучување на огромниот потенцијал на компанијата“.
-Слободата на говорот е камен-темелник на функционалната демократија, а Twitter е дигитален градски плоштад каде што се дебатира за работи клучни за човештвото, рече Маск, додавајќи дека сака Twitter да го направи „подобар од кога било“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов бисер од Елон Маск за тоа…
Постои една стара изрека, рече Маск -…
Маск за офанзивата на Украина: Толку многу…
Американскиот бизнисмен Илон Маск на својата мрежа…
Бил Гејтс, Илон Маск и Марк Цукерберг…
Највлијателните личности во технолошката индустрија поитаа на…
Украинците гневни, Маск со “скандалозен” твит: Крим…
Извршниот директор на SpaceX и Tesla, Илон…