Објавено на:

Маск се закани: Ќе ги „пронајдам и уништам“ сите кои ме обвинуваат за контакти со Москва

t

Илон Маск преку социјална мрежа најави дека ќе ги „пронајде и уништи“ сите кои го обвинуваат за контакти со Москва.
Сенаторите Џек Рид и Џин Шахин во писмо до американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд и генералниот инспектор на Пентагон Роберт Сторч рекоа дека Маск треба да биде под истрага поради медиумските наводи дека комуницирал со неколку високи руски функционери во последните години.


Сенаторите истакнаа дека Маск, како директор на компанијата, контролира милијарди долари во договорите на американската влада и дека неговата потенцијална комуникација со Русија е ризик. Затоа ја доведуваат во прашање неговата веродостојност.


„Ќе откријам кој ги изнесува овие обвинувања и ќе ги уништам. Тие се само марионети. Кој всушност го напишал ова и ги натерал овие идиоти да го потпишат?“, напиша Маск на X.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов бисер од Елон Маск за тоа…

Постои една стара изрека, рече Маск -…

Маск за офанзивата на Украина: Толку многу…

Американскиот бизнисмен Илон Маск на својата мрежа…

Бил Гејтс, Илон Маск и Марк Цукерберг…

Највлијателните личности во технолошката индустрија поитаа на…

Украинците гневни, Маск со “скандалозен” твит: Крим…

Извршниот директор на SpaceX и Tesla, Илон…