Објавено на:

Масовни протести во Германија против екстремната десница

t

Илјадници Германци маршираа низ улиците во повеќе градови нив земјата против ултрадесничарската „Алтернатива за Германија“. Револтот доаѓа по веста дека во партијата, на состаноците се разговарало за масовна депортација на милиони мигранти, вклучително и оние со германско државјанство. Носејќи транспаренти „омразата не е мислење“ и „никогаш повеќе 1933-та“, загрижени Германци, неколку дена, масовно се противат на крајнодесничарската идеја за протерување.

„Толку сум вознемирен што повторно дојдовме во ситуација, кога е неопходно да се протестира против ваква работа“, рече еден од демонстрантите.

„Очекував дека нема да бидам сам, но, дека ќе има толку многу и не само овде, туку сè до Зеил. Едноставно е убаво да се знае дека ние сме мнозинство“, изјави Мерон Мендел, раководител на меморијалната фондација „Ана Франк“ во Франкфурт.

Хамбург, Нирнберг, Штудгарт, но и Берлин, Минхен и Келн, малите собири неочекувано прераснаа во масовни, со многу повеќе учесници отколку што очекуваа организаторите. Поддршка за протестите дојде и од канцеларот Шолц. Десничарските екстремисти сакаат да ја нападнат и уништат нашата демократијата, истакна Шолц во видео-пораката.

„Јасно и отворено велам, десничарските екстремисти ја напаѓаат демократијата, сакаат да ја уништат нашата кохезија. На тајна конференција, овие екстремисти разговараат како да избркаат милиони луѓе од нашата земја. Семејства кои живееле овде со децении. Нашите соседи, колеги, соученици, мажи и жени кои работат во нашите болници и домови за стари лица. Од оваа идеја те полазуваат морници“, изјави германскиот канцелар, Олаф Шолц.

Масовно распространетиот гнев поради извештаите од партискиот состанок, поттикнаа разгледување за забрана на партијата „Алтернатива за Германија“. Разгранок на зелените партии гласаше конвенција за спречување подем на нова фашистичка влада. Анкетите покажуваат оти крајнодесничарската „Алтернатива за Германија“ во моментов е на второ место со поддршка од 20 насто, зад главниот централно десничарски блок, но пред централно-левичарската владина коалиција на Шолц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…