Матераци: Овој Интер е подобар од тој што ја освои тројната круна
Легендарниот италијански дефанзивец Марко Матераци направи интересна споредба меѓу актуелниот тим на Интер и оној чиј член беше тој, а кој во 2010 година освои триплета.
Пред 14 години, под водство на Жозе Мурињо, „нераѕурите“ прво ја покорија Италија, а потоа и Европа откако на патот до трофејот ја победија Барселона која тогаш беше во својот зенит и потоа Баерн Минхен во мечот за титулата на „Бернабе“. Матераци, сепак, смета дека овој тим на Интер е подобар од тој.
„Искрено ќе кажам дека овој Интер игра подобро од нас, навистина е задоволстгво да се гледа, а заслуга за тоа има Симоне Инѕаги. Функционираат како семејство што беше основна одлика и на нашиот тим“, рече, меѓу другото, Матераци.
По денешната победа, на гости кај Болоња, Интер има 18 бода предност пред второпласираниот Јувентус со натпревар повеќе, а претстојната недела го игра реваншот против Атлетико во осминафиналето од Лигата на шампионите. Првиот меч во Милано заврши со победа на Интер од 1-0.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…