Махатма Ганди: Светец што проповедаше трајни вредности и борец за трајни вредности и вистина
Великани на светската историја(8.)
Махатма Ганди:светец што проповедаше ненасилство и мир
Промената што сакаш да ја видеш си Ти
Ганди
И борец за трајни вредности и вистина
Од историјата на разни народи и од историјата на нивната етика може да видиме дека кај нив моралот бил развиен пред да се појави етичарот, кој со значајни решенија и објаснувања ќе ја оправда дотогашната морална реалност или ќе определи нова цел и подолжителни насоки за таквите морални патишта на тој народ. Некои етичари само ќе ги развиваат постоечките норми и поцелосно ќе ги опишуваат. А некои веќе развиените вредности подобро ќе ги сместат во етички систем и така ќе ја развијат етиката и етичката наука. Сето тоа го направи еден од најпознатите етичари на новата епоха Махатма Ганди, создавачот на нова Индија. Тој покажа колку етиката е важна за животот и колку во новиот свет ќе биде потребно сите луѓе да размислуваат етички и да се трудат да градат позитивно етичко однесување, чии основи тој ги најде во традицијата.
Најзначајниот придонес на Ганди кон националното самоосвестување, обединување и победа во борбата за слобода се учењата за Вистината и за Ненасилството. Инаку, Махатма – Големата душа, е човекот чие име и денес е асоцијација за почитувањето на човековите права. Тој и денес, после толку години од неговата насилна смрт, е вербата дека светот ќе биде подобро место за живеење без насилството. Мохандас Карамчанд Ганди бил ексцентричен светец со изглед на згрбавен човек во години, кој со својата нежна рака се потпирал на својот бастун од бамбус. Навистина имал чуден и невообичаен изглед. Неговата чудна надворешност не оддавала никакви знаци дека тој е еден од најмоќните револуционерни умови на столетието, тој сепак успеал да ги покори милионите свои приврзаници со својата хипнотичка мисла.
Неговата неугледна облека била совршена униформа за типот на револуционер што тој го претставувал, апроповедал дека молитвите и ненасилството се помоќни од оружјето. За кратко време стекнал илјадници следбеници. Така, секоја потисната и онеправдана група луѓе се приклонувала кон се што го проповедал овој мудар човек. Тој бил борец за слобода и за човекови права и голем противник на колонијализмот. Своите слебеници ги учел на страсна посветеност, изразен активизам и готовност да се прифатат сите казнени мерки за цивилнатанепослушност.Подоцна на сличен начин тоа го правеле Мартин Лутер Кинг и Нелсон Мандела, кои извонредно многу го почитувале Ганди. Индијците го нарекувале “Татко на нацијата“. Имало и зошто: бил олицетворение на нивните идеали за индивидуална и политичка слобода, социјална правда, ненасилен протест, пасивен отпор и религиозна толеранција. Неговата работа и дух го одбележале 20 век, а неговите идеи одекнале како морална лекција за сите епохи.
Интересно е сваќањето на Ганди за револуцијата. Проповедал дека револуцијата треба да се изврши во срцата. Не станува збор за менување на системот, туку луѓето, без оѓлед на нивното богатство и углед, да се посветат на служење на ближните, да прифатат “да ги проникне уметноста и убавината на откажувањето и на доброволната сиромаштија…, да се посветат на оние дејности кои се темел на нацијата, … да предат и ткаат со своите раце,… да ги исфрлат од своите срца сите предрасуди за кастите, во сите форми, ,„да се борат за целосна апститенција од пијалаците што трујат и од дрогата… и, во општа смисла, да одгледуваат чистота на суштествувањето”.
Историјата на нова Индија (потконтинент, со 300 милиони жители – сега со преку милијарда населени луѓе) се случува од 1920 година во знакот на Ганди. Тој им објасни на народот што треба да прават, да си го определат својот пат во согласност со своите духовни традиции и морал и со индиски средства (како ахимса) да извојуваат слобода, која е неминовна. Ганди е суден и затворан. Пишува јавни писма и пораки до народот. Предводи масовни економски и политички протести. Самиот штрајкува со глад до исцрпување, понекогаш за да ги потресе сонародниците ако прават нешто што не е добро или да ја поттикне власта на корекција. По неговите херојски битки, во 1947 година Индија доби независност. За прв претседател го избраа Махатма Ганди.
Ганди учеше дека светот, Исток и Запад, треба да се обедини, дека во иднината ќе имаме универзален свет со најдобри морални идеи. Но не беа сите подготвени за тоа. Во 1948 година Ганди беше убиен од еден хинду фанатизиран националист. Ганди остави неизбришливи траги во духот на новиот свет, во кој, и покрај низа злосторства и војни, сепак духот на вистината, на љубовта и на ненасилството ги покажува своите сили. И надежи за идното подобро човештво.
Кога во 2000 година беа правени анкети за улогата на разни личности во изминатите 1.000 или 100 години, како најзначајна политичка личност на XX век, со најдобра идеја и вистинско влијание, беше избран Махатма Ганди. За него најголемиот научник на новата епоха Алберт Ајнштајн (1879-1955) има кажано: “На идните поколенија ќе им биде тешко да поверуваат дека некогаш таков човек, од тело и крв, живеел на земјата”. И тоа покажува колку се интересни и хумани и колку беа успешни погледите и пристапи на Ганди.
(продолжува)
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…
Колумната е кратка приказна за селските и…