Објавено на:

Мајката и сестрата на масовниот убиец Коста пробале да избегаат во Македонија!

t

Мајката и сестрата на момчето што го изврши масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ се обиделе да ја напуштат Србија, но биле спречени на граничниот премин Прохор Пчињски кон Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Мајка и сестра на момчето К. К., се обиделе да ја напуштат државата преку граничниот премин Прохор Пчињски, кон Македонија, но полицијата веднаш ги спречила и биле вратени во Србија, соопштија српските медиуми.

Таткото на момчето е во притвор, кој на почетокот на месецот беше продолжен за уште 30 дена, поради сомневање дека го тренирал К. К. да пука, и дека не го обезбедил оружјето како што налага законот.

Обвинителството проверува и дали М. К., мајка на момчето, се стекнува со елементи на кривичното дело запуштање и злоупотреба на малолетно лице.

Вишиот суд во Белград донесе решение со кое и определи привремена забрана на М.К., мајката на момчето К.К. кој на 3 мај го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, да отуѓи недвижен имот во нејзина сопственост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР потврди дека македонска државјанка загинала во…

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Белград ќе има функционално метро до крајот…

Претседателот на градското собрание во Белград, Никола…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

Пукање во Белград, едно лице е повредено

21-годишен маж вечерва бил застрелан во ногата…