Мајката на Бове се онесвестила на трибините по драмата на теренот

t

Фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове не е во животна опасност, според последните информации кои доаѓаат од Италија. Играчот од средниот ред на „виола“ колабираше на теренот, а натпреварот помеѓу Фиорентина и Интер во 14. коло во Серија А не беше продолжен.

Како што пишува миланскиот медиум „Газета дело спорт“, кој добил информација од болницата во Фиренца, се поминало без сериозни последици и животот на Бове не е во опасност. 22-годишниот фудбалер бил донесен во свесна состојба и првите прегледи покажале дека неговиот живот не е во опасност.

Играчот од средниот ред на „виолетовите“ колабирал во 17. минута, останал неподвижен, а потоа дотрчале да му помогнат играчите, лекарите и членовите на стручниот штаб. Непријатната и грозоморна сцена од Фиренца не остави никого рамнодушен, играчите и судиите беа во солзи, а двата тима отидоа во соблекувалната, откако Бове беше пренесен во болница.

Неговата мајка по немилиот настан се онесвестила на трибините, а подоцна во друштво на градоначалникот отишла во болницата кај нејзиниот син.

Бове е производ на фудбалската академија на Рома, а во Фиренца пристигна минатото лето на позајмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски збесна: „Путин му издаде наредба на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на…

Шукова: Најавите за корекција на цените се…

Политиките на власта со така наречени кошнички…

Муртезани: Мора да го штитиме процесот од…

Мора да го штитиме процесот на пристапување…

Прогласена вонредна состојба на Крим поради излевање…

Руските власти денеска оценија дека ситуацијата е…

Обвинителството на Босна и Херцеговина побара притвор…

Обвинителството на Босна и Херцеговина до Судот…