Мајката на Бове се онесвестила на трибините по драмата на теренот
Фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове не е во животна опасност, според последните информации кои доаѓаат од Италија. Играчот од средниот ред на „виола“ колабираше на теренот, а натпреварот помеѓу Фиорентина и Интер во 14. коло во Серија А не беше продолжен.
Како што пишува миланскиот медиум „Газета дело спорт“, кој добил информација од болницата во Фиренца, се поминало без сериозни последици и животот на Бове не е во опасност. 22-годишниот фудбалер бил донесен во свесна состојба и првите прегледи покажале дека неговиот живот не е во опасност.
Играчот од средниот ред на „виолетовите“ колабирал во 17. минута, останал неподвижен, а потоа дотрчале да му помогнат играчите, лекарите и членовите на стручниот штаб. Непријатната и грозоморна сцена од Фиренца не остави никого рамнодушен, играчите и судиите беа во солзи, а двата тима отидоа во соблекувалната, откако Бове беше пренесен во болница.
Неговата мајка по немилиот настан се онесвестила на трибините, а подоцна во друштво на градоначалникот отишла во болницата кај нејзиниот син.
Бове е производ на фудбалската академија на Рома, а во Фиренца пристигна минатото лето на позајмица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ ги менува правилата за онлајн пратки,…
Советот на ЕУ даде конечно одобрение за…
Цената на бензинот во Германија собори историски…
Цената на бензинот „Супер Е10“ во Германија…
Турски медиуми: Средба на директорите на турското…
Директорот на турското разузнавање (МИТ), Ибрахим Калин,…
Мадуро бара американскиот суд да го отфрли…
Поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро побара од…
Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста…
Првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров,…