Објавено на:

Мајка и петгодишно дете загинаа во поплавите во Пеќ

t

Во поплавите што синоќа ја зафатија општина Пеќ животот го загубија петгодишно дете и неговата мајка, пренесува Коха.
Откако потврди давење на петгодишно дете, косовската полиција соопшти дека без знаци на живот е пронајдена и исчезнатата мајка. Инцидентот се случил во населбата „Аслан Ќешме“.

Градоначалникот на Пеќ Газменд Мухаџери изрази сочувство за смртта на мајката и нејзиното петгодишно дете.

„Ова е сериозна и горчлива ситуација за нашиот град. Во ова тешко време изразувам сочувство и целосна солидарност. Се надевам дека ќе имаат сила да ја надминат оваа ситуација“, напиша Мухаџери на Фејсбук.

Тој додаде дека општинските екипи се на терен и ја следат состојбата предизвикана од поплавите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…