Објавено на:

МВР “бркаше” пијани малолетници во угостителски објекти во Охрид

t

Малолетни лица се затекнати во консумирање алкохол во угостителски објекти ноќеска во Охрид при контрола на полицијата во рамките на кампањата „Безбедно лето 2022″.

СВР Охрид денеска соопшти дека во периодот од 23 часот синоќа до три часот по полноќ полициски службеници од СВР Охрид извршиле контроли во угостителски објекти во централното градско подрачје. Притоа, во повеќе угостителски објекти, после 24 часот, затекнати се малолетни лица кои консумираат алкохол. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 204 од Кривичниот законик, против правните субјекти ќе бидат поднесени пријави, стои во информацијата.

СВР Охрид, како што е наведено, синоќа почнало и превентивна кампања „Соседска патрола”.

– Мешаните патроли составени од полициски службеници од одделението за превенција, родители, претставници од Советот на родители во училиштата, од секторот за образование при локалната самоуправа, како и на Центарот за социјални работи, во рамките на проектот „Безбедно лето 2022″, извршија превентивна обиколка на угостителските објекти, како и местата на отворен простор каде во ноќните часови најчесто се собираат и задржуваат младите, информира портпаролот Стефан Димоски.

Целта, според него, е родителите да видат каде и како младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните проблеми со кои се соочуваат, и како полициските службеници, практично ги применуваат своите полициски овластувања.

– Преку широка општествен акција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места, како и доследно да се почитуваат законските одредби пред се од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Кампањата, овој месец ќе се спроведе и во другите населени места што ги покрива СВР Охрид, истакна Димоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Началници и полицајци не санкционирале возач…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Можно е враќање на средното полициско училиште

Министерството за внатрешни работи вчера, на владина…

(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…

Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…

(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…

Како што веќе најави директорот на Бирото…

Братот на заменикот на Тошковски имал врски…

Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…