МВР “го треселе” и домот на екс-директорот на Онкологија?

t

Откако обвинителството и финансиската полиција вчера во акција запленија компјутери и медицински истории на пациенти на Клиниката за онкологија, претресот го продолжиле и кај поранешниот директор на болницата.

Според информации на Слободен печат, претрес е направен во домот на екс директорот на Клиниката за Онкологија, доктор Нино Васев, како и кај уште еден вработен од клиниката кој бил возач. ОЈО Скопје и МВР работат за да се испитаат обележја на кривично дело.

Според информациите, во постапката ќе бидат вклучени судски вештаци, кои што ќе ги прегледуваат медицинските истории на пациентите, поради различни наводи за финансиски криминал и злоупотреба на лековите. На пример, ќе се проверува дали на пациенти што се починати, непосредно пред смртта им е давана терапија на хартија за наредниот период, која подоцна морало да биде вратена во аптеката како донација и била препродавана.

Додека министер за здравство беше доктор Беким Сали, тој од доктор Нино Васев побара да си поднесе оставка, што и се случи. Васев тогаш изјавуваше дека оставката ја дава од лични причини и остана на раководно место во болницата. Минатата вечер од Клиниката за онкологија се земени сервери, кутии со лекови, пакети од аптеката, лаптопот на доктор Нино Васев и огромен број на медицински истории на пациентите. За една конкретна историја која што истражителите ја барале, не можеле да ја најдат. Извадени биле сите сервери откако ИТ менаџерот бил повикан да ја отклучи вратата на онкологија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Гранати, експлозиви, цел арсенал… Еве што…

Експлозив и оружје е најдено во Арачиново,…

Тошковски се огласи за Груби: МВР има…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку…

Од МВР го потврдија грабежот на банка…

Околу 13 часот е пријавен обид за…

Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…

На јавноста ѝ е познато кои двајца…

(Видео) Тошковски со детали за трите акции…

Во изминатите денови МВР во координација со…