МВР демантира дека синот на директорот на БЈБ тепал припадник на ЕБР

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира, како што вели, лагите пласирани од партијата ВМРО-ДПМНЕ дека синот на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски учествувал во тепање на припадник на ЕБР, како и дека Тасевски се обидел тоа да го прикрие.
-Станува збор за класична дезинформација. Ниту имало влијание ниту некој може тоа да го направи, ниту бил инволвиран синот на директорот на БЈБ. Напротив, вистината е дека на 3 јуни околу 01.45 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје имаше уште една во низата успешни акции на полицијата. Лишени од слобода се три лица и биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана, а лицата ќе одговараат пред законот и за напад на полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Настанот е соодветно објавен во извадокот од дневни настани кој МВР секојдневно го објавува“, велат од МВР.
Додаваат дека на ВМРО-ДПМНЕ и пречат „одличните резултати на полицијата во справувањето со криминалот“, па затоа шират лаги.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОГРАБЕНА ФАБРИКА ЗА КАНАБИС ВО КАРБИНЦИ –…
Ограбена е фабрика за одгледување на канабис…
Посебен режим на сообраќај во недела во…
СВР Скопје ги известува граѓаните дека во…
Седум локации – МВР забрани да се…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
„Па нели јас манипулирав за одговорноста на…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…
Седум полициски службеници осомничени за Тешки дела…
Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за…